
Хирушко вадење на умници
Зошто е потребно хируршко вадење на умниците?
Умниците, познати и како „осмици“, се последните заби кои излегуваат, обично во периодот по 20-тата година од животот. Поради недостаток на простор во устата, овие заби често никнуваат неправилно или не успеваат целосно да излезат, што може да предизвика сериозни проблеми. Во такви случаи, хируршкото вадење на умниците станува неопходно за да се избегнат компликации.
Причини за вадење на умниците
Кога умниците не можат правилно да излезат, тоа води до импакција, што предизвикува болка, инфекции и притисок врз соседните заби. Полуникнатите умници можат да предизвикаат развој на кариес кај „седмиците“, да создадат збиеност меѓу останатите заби и да ги искриват предните заби. Вадењето на умниците се препорачува врз основа на клинички преглед и рентген снимка, со цел да се избегнат понатамошни компликации.
Како се изведува хируршкото вадење на умниците?
Хируршкото вадење на умниците се изведува со локална анестезија, што го прави процесот безболен. Зафатот подразбира мал рез на мекото ткиво, отстранување на дел од коската за пристап до корените на забот и нивно внимателно вадење. Раната потоа се затвора со конци, а пациентот добива инструкции за нега за побрзо закрепнување. Вообичаено, отокот и непријатноста исчезнуваат за неколку дена.
Постоперативна нега
По зафатот, потребно е да се следат инструкциите за одржување на хигиената и да се избегнуваат активности кои можат да го забават закрепнувањето. Докторот ќе закаже контролен преглед веднаш по интервенцијата и уште еден по неколку дена за да се осигура дека се е во ред.
Хируршко вадење на оштетени или гангренозни заби
Заби кои се сериозно оштетени од кариес, или имаат гангренозни корени, често бараат хируршко вадење. Оваа постапка е поефикасна и безболна благодарение на современите техники, овозможувајќи побрзо заздравување на пациентите.
Нашиот тим од искусни хирурзи е секогаш тука за вас!
Контактирајте нè за консултација и здрава насмевка!
