Д-р Мојсоска

Котикотомија

Кортикотомија – Процедура за олеснување на никнење на импактирани заби

Во некои случаи, кога забите не можат природно да изникнат поради различни пречки, се применува процедура наречена кортикотомија. Оваа хируршка интервенција вклучува создавање на коскен канал кој го олеснува патот за никнење на импактираниот заб. Целта на оваа процедура е да се задржи забот во забниот низ без потреба од екстракција (вадење), со претходно испланиран третман врз основа на детални анализи.

Кортикотомијата најчесто се применува кај импактирани канини (очници), особено во горната вилица. Овие заби се клучни за естетиката и функционалноста на забниот низ, па затоа често се комбинира ортодонтско-хируршки третман за да се поттикне правилно никнење и позиционирање на забот. Со оваа процедура се осигурува правилното интегрирање на забот во забниот лак, со што се обезбедува долгорочно здравје и функција на оралната структура.

 
 
 
+389 46 200 191