
Д-р Ана Мојсоска Влакевска
Специјалист ОртодонтМодерен центар за дентална и естетска медицина Д-р Мојсоска
Д-р Ана Мојсоска Влакевска е специјалист по ортодонција од 2011 година. Посветеноста кон ортодонцијата започнува од студиите по Дентална медицина во Пловдив, каде завршува и станува доктор по дентална медицина во 2004 година под менторство и едукација на едукатори, лидери во својата област, со кои соработува во областа на ортодонцијата. Ориентирана е кон сеопфатен третман на комплексни ортодонски стоматолошки случаи со посебен фокус на третман на оклузална дисфункција.
Нејзиниот диапазон на работа опфаќа повеќе ортодонтски области како фиксна и мобилна ортодонција, ортодонција со миниимпланти, пародонтологија, во кои ги применува успешно и практично сите дополнителни придобивки од многубројните курсовите и конгреси кои активно и пасивно ги посетува во и вон земјава.
Естетската лицева стоматологија ја работи со голема посветеност, индивидуалност и особен афинитет кон естетиката и симетријата, во согласност со нормите поставени од посетените курсеви по лицева естетика. Пристапот на темелно дијагностицирање на проблемите во ортодонцијата кај секој поединечен случај, со посебен акцент на сеопфатноста во пристапот, и негово имплементирање во целата слика, како и едукација и мотивирање на пациентите за одржување на постигнатите резлутати, даваат неизбежен квалитет во изработеното.