
Д-р Марија Мојсоска Апостолова
Специјалист Орален ХирургМодерен центар за дентална и естетска медицина Д-р Мојсоска
Д-р Марија Мојсоска Апостолова е специјалист по орална хирургија од 2015 година, која специјализација доаѓа како усовршување на обемното клиничко искуство во таа област. Специјализацијата доаѓа после завршувањето на Факултетот за Дентална медицина во 2007 година во Пловдив со висок просек. Како еден од најдобрите студенти избрана е од факултетот да посетува дополнителна настава за надарени студенти.
Во решавањето на комплексни стоматолошки случаи се користи со широк спектар на стоматолошки дисциплини како: дентална имплантологија, импланто-протетика, фиксна протетика, орална хирургија и пародонтологија. На стоматолошкиот факултет и после него, освен редовната програма посетува и бројни конгреси, симпозиуми и курсеви од областите на денталната медицина, естетската дентална медицина, оралната хирургија, имплантни системи, протетика врз импланти и стоматолошка протетика, на кои учествува активно со трудови и презентира стекнати искуства, за кои се стекнува со соодветни сертификати.
Естетската стоматологија ја работи како резултат на посетени голем број на курсеви по естетската лицева хирургија надополнето на големото познавање на лицевата анатомија која произлегува од нејзината специјалност. Постојано се надоградува од областа на апликација на Хијалуронски филери, апликација на Botullinum toxin, апликација на Аптос lifting threads и многу други процедури во склоп на лицевата естетика. Комуникативна и насочена кон пациентот, искусна во работата со сите видови пациенти од различи култури.